Муцунски ќе отвора амбасада во Ријад


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска телефонски разговарал со министерот за надворешни работи на Кралството Саудиска Арабија, принцот Фаисал бин Фархан Ал Сауд.

– Во разговорот ја нагласивме заедничката заложба за унапредување на билатералните односи, при што како конкретен чекор го истакнав отворањето на резидентна амбасада во Ријад – одлука што ја сметаме како поттик за продлабочување на соработката во делот на економските и останатите области од заеднички интерес, објави Муцунски на неговиот Фејсбук профил.

Како што напиша на Фејсбук Муцунски, ааудискиот министер ја поздравил одлуката, притоа од негова страна била изразена подготвеност за натамошно зацврстување на пријателските односи и зголемување на динамиката на политичкиот, економскиот и институционалниот дијалог меѓу двете земји.