Муцунски бара заеднички одговор со ЕУ за хибридните закани


Регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици се главните теми на кои дискутираа министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, меѓу кои и македонскиот министер Тимчо Муцунски.

 

„На состанокот беше истакнато дека политиката на проширување на Европската Унија претставува витална рамка за трансформација на општествата и за унапредување на добрососедските односи, демократските стандарди и владеењето на правото. Заедничко беше констатирано дека постепената интеграција, Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар значајно го приближуваат Западен Балкан до Европската Унија и го прават пристапниот процес поопиплив за граѓаните“, соопшти Минстерството за надворешни работи и надворешна трговија.