Му се слошило сред ТВ емисија: Хоспитализиран српскиот министер за јавни инвестиции


Српскиот министер за јавни инвестиции и претседател на Извршниот комитет на Српската напредна партија, Дарко Глишиќ, претпладнево е донесен во Ургентниот центар во Белград во исклучително тешка состојба откако му се слошило за време на гостувањето на белградска телевизија.

„Се прави дијагностика. Дел од дијагностиката е завршена, вклучена е и терапијата. Станува збор за исклучително сериозна состојба. Она што медицината го знае, ќе се направи“, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

Глишиќ е кум на српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Се надеваме на успех на терапијата и третманот што се презема, но факт е дека тој е во исклучително тешка состојба“, рече Лончар.
Дел од белградските медиуми јавија дека Глишиќ имал мозчен удар.