МТСП и СОНК се договорија: Вработените во градинките за два дена ќе земат плата


Претставниците на министерството за труд и социјална политика и претставниците на СОНК ги потпишаа измените и дополнувањата на Колективниот договор со којшто се регулира исплатата на плати и придонеси за време на штрајк, а платата ќе биде исплатена за два дена.

Пред неколку дена беше договорено со Министерството за образование платите на вработените во детските градинки и во образованието да се зголемат за 15 отсто.

По 24 мај, ќе почне изработката на новиот колективен договор, што ќе го спремаат работните групи.

– До крајот на мај ќе го донесеме новиот Колективен договор којшто ќе значи дополнителни права на вработените во детските градинки – рече министерката за труд и социјална политика Јагода тренчевска на денешната прес-конференција по средбата со претседателот на СОНК Јаким Неделков.

Она што беше како спорно исплатата на дневници во детските градинки кои штрајкуваа денеска со измена на Колективниот договор во тој дел го регулиравме и ова право на вработените што сметавме дека од разни причини се дискриминирани и не беше во ред нив да им се скрати од платата, МТСП имаа разбирање за тоа што го баравме, го усогласивме и овој дел и сметам дека овој процес конечно е затоврен – рече Неделков.

Денеска или утре измените на Колективниот договор ќе бидат објавени во Службен весник, а штом бидат објавени платите ќе бидат исплатени, појасни министерката Тренчевска.