Мрзливоста не е главна причина што ги одложувате плановите, туку емоционалната состојба
Понекогаш луѓето се наоѓаат во ситуација едноставно да неможат да направат нешто, па тоа постојано го одложуваат. Обично тогаш луѓето ги нарекуваме мрзливи, но вистината се крие на друго место.
Недостаток на мотивација често се смета за главна причина за мрзливост, но тоа не е вистина. Ако некогаш сте се нашле во фаза која изгледа како бескраен циклус на одолговлекување, вина и хаос, можеби сте се запрашале што се случува со вас.
Сепак, како што наведува клиничкиот психолог од Лос Анџелес, Џени Јип, вообичаено мрзливоста не е причина за одложување. Таа, мрзливоста ја објаснува како апсолутно избегнување на какви и да се обврски во таква мерка да не сакате ни да размислувате за тоа, додека одолговлекувањето на обврските е нешто што ве мачи и за што ќе размислувате.
Одолговлекувањето може да има последици, како што е заостанување на работа или неуспех за постихнување на личните цели. Постојат и емоционални влијанија. Се поврзуваат со депресија, анксиозност и стрес, лош сон, неадекватна физичка активност, осаменост и економски потешкотии.
Затоа важно е да дознаете зошто одолговлекувате и да научите како со тоа да се борите, затоа што тоа е единствен начин да го промените своето однесување. Промената не е едноставна. Токму како и работата на анксиозноста или други проблеми со менталното здравје, решавањето на одолговлекувањето може да биде тешко, особено ако доаѓа од длабоко вкоренети проблеми.