Можете ли да погодите кој е ова? Нема да ви се верува колку овој човек се промени, беше во врска со многу познати жени!


Во екот на битката за старателство, Оливие Мартинез прошета низ Лос Анџелес, но тој е далеку од заводник под чиј шарм паднаа некои од најубавите жени во светот.

Оливие Мартинез во минатото заведуваше бројни жени, меѓу кои Кајли Миног и Хали Бери. Сепак, денес 58-годишниот актер е далеку од заводник чиј шарм ги заведе некои од најубавите жени во светот.

Поради битката за старателство над неговиот син Масео, кој го има со Бери, Мартинез прошета низ Лос Анџелес видно послаб и понеуреден од изданијата во кои го видовме на црвениот тепих. Некогаш со темни локни, Мартинез сега има многу кратка седа коса.

Oва појавување  доаѓа откако Хали Бери рече дека потрошила повеќе од 200.000 долари за да работи со Мартинез на одгледувањето на нивниот 10-годишен син, вклучително и 80.000 долари за правните трошоци на Оливие. Во документите што ги објавија американските медиуми, Бери се пожали дека Мартинез ја задржува издршката и одбива да донесува заеднички одлуки во врска со нивниот син.