Може ли Курдите да му пресудат на Ердоган на избори: Ќе гласаме затоа што власта мора да се смени


Претседателските избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, а борбата меѓу актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот противкандидат Кемал Киличдароглу би можеле значително да ја одредат курдските гласачи во оваа земја.

Во Турција има од 15 до 20 милиони регистрирани гласачи кои се идентификуваат како Курди, а многу од нив се незадоволни од начинот на кој Ердоган и актуелната влада се однесуваат кон нив.

„Ќе гласам дури и ако треба да одам во друг град за да го направам тоа. Целата земја ќе гласа затоа што владата мора да се смени. Нашата слобода на изразување е навистина доста ограничена. Бидејќи немам што да загубам, не се плашам Сè што ми преостанува е семејството“, рече 23-годишниот Емре, чиј дом беше уништен по последниот земјотрес што ја погоди југоисточна Турција.

Една од оние кои ќе гласаат за Киличдароглу е 75-годишната Ајше Вароше.

Ќе гласам за курдскиот народ и за револуцијата. Што се однесува до претседателските избори, мојот избор е Киличдароглу. Тој е алевит и тој е еден од нас“, изјави Варосе, пишува Франс 24.

Иако Курдите немаат свој кандидат на претседателските избори, најголемата курдска партија ХДП одлучи да им се придружи на партиите кои го поддржуваат Киличдароглу. Поради големиот број жители со курдско потекло, токму ХДП би можела да биде клучна во формирањето на новата влада, но и поддршката за претседателскиот кандидат на опозицијата.

„Курдите очекуваа многу од Ердоган, особено по реформите што Турција мораше да ги спроведе како дел од процесот на пристапување во ЕУ. Помеѓу 2007 и 2012 година, Ердоган иницираше серија реформи во врска со курдскиот јазик и идентитет. Тоа создаде надеж за Курдите да се почитуваат нивните права и култура. Меѓутоа, партијата на Ердоган тогаш склучи сојуз со националистите и тоа значеше дека курдското прашање сега се гледа низ призмата на безбедноста и тероризмот“, изјави аналитичарот Цума Чичек за Франс 24.

Еден од оние кои ќе гласаат за опозицијата е Халит Чичек, Курд по потекло од Мардин, кој моментално живее во Истанбул.

„Ако победи опозицискиот сојуз, ќе им треба ХДП да има парламентарно мнозинство за да може да го промени политичкиот и правниот систем. Овие дискусии би можеле да создадат можност за обновување на мировниот процес и обезбедување заштита на основните права“, рече Чичек. .

Општите избори во Турција ќе се одржат на 14 мај, а граѓаните ќе го изберат и претседателот и новиот парламент.

Кога станува збор за парламентот, граѓаните ќе избираат кандидати од 24 партии, а новото свикување на парламентот ќе има вкупно 600 пратеници.