Мотоциклист загина во обид да го сруши Гинисовиот рекорд


 

МОтоциклистот и каскадер Алекс Харвил загина во четвртокот додека вежбаше за рушење на светскиот скок со мотоцикл, пишуваат американските медиуми. Имаше 28 години.

Надлежните од округот Грант во Вашингтон, каде се случи кобниот скок, велат дека денеска ќе се изврши обдукција за да се утврди причината и начинот на смрт.ж

Алекс планираше да го собори светскиот рекорд на Австралијанецот Роби Медисон од 2008 година кој изнесува 106 метри.

 

Неговиот подвиг беше закажан за четвртокот, по вежбите кои го чинеа живот.

Снимката од пробниот скок се појави на друштвените мрежи и го прикажува неговиот скок со мотоцикл како директно удира во горниот раб на користото кој на Харвил му служеше како рампа за слетување. По ударот тој одлета од мотоциклот и им подлегна на повредите.

Харвил беше оженет и имаше два сина, од кои едниот се роди минатиот месец. Стана Гинисов рекордер во скок во далечина со мотоцикл во 2013 година.