(ВИДЕО)Мора да ги прифатиме резултатите од изборите, порача Харис на поддржувачите
Камала Харис и се обрати на нацијата за прв пат по одлучувачката изборна победа на Доналд Трамп.
„Мораме да ги прифатиме резултатите од овие избори“, порача таа на толпата, додавајќи дека иако исходот не е онаков каков што сака „светлината на ветувањето на Америка секогаш ќе гори силно“.
Таа вети дека нејзината работа ќе продолжи во заднина, бидејќи нејзиниот тим се обидува да се бори на „потивки начини“. Според неа, Америка никогаш нема да се откаже од борбата за демократија, за владеење на правото, за еднаква правда и правата и слободите кои „мора да се почитуваат и поддржуваат“.
„Ќе продолжиме да ја водиме оваа борба во гласачката кабина, во судовите и на јавниот плоштад“, вели таа.
„Никогаш нема да се откажам од борбата за иднина во која Американците ќе можат да ги остварат своите соништа, амбиции и аспирации, каде што жените во Америка имаат слобода да донесуваат одлуки за сопствените тела, а нивната влада да не им кажува што да прават“, рече Харис.
Потоа таа јасно порача дека и должи лојалност на државата а не на претседател или партија .
„Во нашата нација, не должиме лојалност на претседател или партија, туку на Уставот на САД и лојалност кон нашата совест и нашиот Бог“, рече Харис, со реторика сосема спротивна од онаа што моѓе да се слушне од Доналд Трамп.
„Мојата лојалност кон сите тројца е причината зошто велам, додека ги признавам овие избори, не ја признавам борбата што ја поттикна оваа кампања. Харис вели дека борбата за „слобода, можности, праведност и достоинство на сите луѓе“ ги претставува „идеалите што најдобро ја одразуваат Америка“. Таа му рекла на Трамп по телефон дека ќе се вклучи во „мирен трансфер на власта“ и дека ќе помогне во процесот.„Основен принцип на демократијата“ е да се прифатат резултатите, додавајчи дека тоа ја разликува демократијата од тиранијата, вели Харис.
Таа оцени дека нејзината кампања била водена под премисата дека Американците имаат многу повеќе заедничко од она што ги раздвојува.
„Толку сум горда на трката што ја истрчавме и начинот на кој ја истрчавме. Моето срце е полно денес“, полна благодарност за довербата што ми ја дадовте, полно со љубов кон нашата земја и полно со решителност“, рече Харис.
Потпретседателката заврши со возбудувачка порака, кажувајќи и на толпата на Универзитетот Хауард дека „само кога е доволно темно можат да ги видат ѕвездите“.
„Знам дека луѓето се чувствуваат како да влегуваме во мрачно време.Се надевам дека тоа не е така“, рече Харис повикувајќи ги своите следбеници да го „исполнат небото“ со ѕвезден оптимизам, место да очајуваат.
Не очајувајте“, продолжи Харис. „Ова не е време да креваме раце, ова е време да ги засукаме ракавите. Ова е време да се организираме, да се мобилизираме и да останеме ангажирани заради слободата, правдата и иднината што сите знаеме дека можеме да ја градиме заедно.
Борбата за нашата земја секогаш вреди“, вели Харис.
Таа додаде дека „понекогаш борбата трае и тоа не значи дека нема да победиме“.