Монструмот осуден на 401 година затвор, повторно пуштен на слобода, еднаш веќе ја прекрши условната
Грција сериозно ја вознемири веста дека нејзиниот кошаркарски селектор Никос Сеирагакис е пуштен на условна слобода. Споменатиот во 2011 година беше осуден на 401 година затвор за педофилија и злоупотреба на 36 деца.
На крајот на април 2020 година, Сеирагакис за прв пат беше пуштен на условна слобода, што ја шокираше тогашната јавност, но многу брзо беше вратен во затвор поради прекршување на условната. Тој тогаш за свое место на живеење го прогласил подрачјето на Солун, а според информациите, откако бил повторно затворен, извесно време останал во КПУ Гревена, а потоа бил префрлен во Триполи.
Nikos Seiragakis: The child rapist coach was released from prison – He was sentenced to 401 years in prison for neglecting 36 minorshttps://t.co/GAVNILEUwZ
— Jaun News Usa (@jaunnewsusa) April 3, 2023
Неговото судење и во првата и во втората постапка се одржа во Апелациониот суд во Пиреја, поради заштита на малолетниците – негови жртви.
– Никос Сеирагакис е динамична закана за општеството – рече претседателот на Адвокатската комора на Ретимно, Вангелис Мундријанакис, говорејќи за ТВ КРЕТА.
Сеирагакис и овој пат ќе мора да почитува некои правила, а условите за ослободување се следни:
-Не смее да остане или да го посети Крит
– Мора двапати месечно да се јавува во полициска станица
– Мора да живее во одредена област на Атика
-Не смее да се дружи со малолетници без придружба или согласност од оние кои имаат старателство
– Еднаш месечно мора да оди на психијатар.