МОН предложи проблематичниот ученик да се врати на настава со скратено време, Советот на родители не прифати

Бојкотот на наставата продолжува и денеска


Фото: Независен

Проблематичниот третоодделенец да се врати на настава во „Лазо Ангеловски“, но со скратено време на престој, од половина час, час, а понатаму, кога ќе се интегрира во училиштето, да посетува настава. За родителите веќе е изречена мерка за зголемен родителски надзор од Министерството за социјална политика, демографија и млади. Исто така, наложено е за детето да се направи проценка од Заводот за ментално здравје и да се определи кои се најдобрите методи за работа со детето за да се подобри неговото однесување.

Овие предлози, кои произлегле од денешниот состанок на интердисциплинарна комисија составена од претставници на Министерството, Бирото за развој на образованието, општината, училиштето и социјалните служби, вечерва пред Советот на родители од ООУ „Лазо Ангеловски“, ги пренесе градоначалникот Дејан Митески, во присуство на директорката на училиштето.

Родителите од Советот не се сложија со сите мерки. Преку посебно барање, доставено до надлежните институции бараат со детето да работат стручни лица, па откако ќе се добие документ дека неговото однесување се поправило и тоа не е закана за своите соученици и вработените во училиштето, тоа да се врати во редовна настава. 

Бојкотот што почна денеска, продолжува и утре, односно до позитивен одговор од МОН и другите надлежни институции. 

Проблематичниот третоодделенец утрово се појави на часови во „Лазо Ангеловски“ соучениците си заминуваат