МОН не ја коментира најавата за тужба од мајката на „штипскиот Питагора“


Министерството за образование и наука нема да коментира судски постапки, велат од МОН за „Слободен печат“, откако мајката на „штипскиот Питагора“, Никица Давкова изјави дека ќе поднесе тужба против МОН.

Давкова најави тужба против МОН откако оттаму одбија да му доделат парична награда за нејзиниот син кој освои прва награда на натпревар по математика за средношколци, бидејќи тој бил основец.

Случајот на Дамјан предвизика бура од коментари на социјалните мрежи, а неговата мајка најави дека случајот ќе го води до крај.