Молдавците славеа во Брисел по објавувањето на извештајот на ЕУ
Земјите кандидати за ЕУ навиваа и сочувствуваа на годишните извештаи за проширување во вторник – но малкумина славеа толку многу како Молдавците, кои беа домаќини на триумфален настан во галеријата „Бозар“ во Брисел за да им се заблагодарат на службениците и политичарите за нивната поддршка, пишува „Политико плејбук“.
Таму беше и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Во говорот, Кос ја пофали новоизбраната влада на Кишињев за тоа што „постигна најголем напредок од сите земји кандидати“. Проевропската претседетлка Маја Санду рече дека нејзината земја „ја одржала демократијата жива“ и покрај бранот „хибридни напади“ и ги зајакнала индустриите како што е винарството и покрај притисокот и трговските ембарга од Русија.
Домаќините послужиле пенливо вино од Молдавија, суво црвено вино направено со грозје од Молдавија, Грузија и Украина – сите земји кои се соочуваат со руска агресија – продадено за да се соберат пари за украинските воени напори. Присутни биле Комесарите Андриус Кубилиус и Хена Виркунен, шефот на Генералниот директорат МЕНЕ и фаланга европратеници.
Украина, во меѓувреме, ја поздрави веста дека е на добар пат да ги исполни клучните ветувања и да стане членка на блокот, а воедно да го брани самото свое постоење. Но, Кос, исто така, го повика Киев да продолжи со зајакнување на внатрешните правила за да „спречи секаков ризик од назадување, особено во борбата против корупцијата“. Тоа доаѓа по јавните расправии околу клучните улоги и агенциите што се борат против корупцијата.
Сепак, сите дискусии за проширувањето ќе наидат на пречка во облик на Виктор Орбан, пишува „Политико плејбук“. Популистичкиот унгарски премиер го блокира патот на Украина (а со тоа и на Молдавија) кон ЕУ. „Ние го направивме својот дел – сега ЕУ мора да одговори со истата решителност за Молдавија да може да продолжи напред во процесот на пристапување“, изјави амбасадорката на Молдавија во ЕУ, Даниела Морари.