Мојсовска: Пола влада ќе падне ако МВР влезе во дувлото на Аце Миленковски

Пратеничката на Левица Јована Мојсоска го коментираше изборот на Цвета Ристовска за заменик претседател на ДКСК, која доаѓа според неа од „вмровскиот универзитет“ кој ја наполни владата со кадри.
„ДКСК за заменик-претседател (кој ќе ги “мониторира” изборите) ја избра познатата Цвета Ристовска, која ја аминува фалш дипломата на директорот на АНБ.
Цвета е уште еден кадар од Универзитетот за туризам и менаџмент на Ацо Миленковски и поранешен вмровски градоначалник! Овој вмровски универзитет убедливо даде најголем број кадри за оваа влада, на чело со Бојан Христовски. Просветна испекција не смее да влезе во ова вмровско дувло, затоа што пола влада ќе треба да падне тогаш.
Нашите најдобри студенти се во Словенија – затоа што за нив нема место во држава во која дипломата е само тоалетна хартија“, објави Мојсоска преку пост.