Мојсовска: Додека Владата говори за купување авион, лица со хемофилија молат за лек!


Пратеничката Јована Мојсовска објави пост на болен од хемофилија кој моли за помош, бидејќи пет месеци го нема соодветниот лек во Македонија. 

„Додека Мицкоски говори за купување нов владин авион, лица молат за лекови поради нераспишан тендер!
 
Ова е порака што ја добив од лице со хемофилија, кое 6 месеци е во кревет затоа што не го добива лекот “фактор 8”, а сега неговата здравствена состојба се влошува.
 
Добро бе директоре Амир Елези има ли грам човечност во вас за голготата која ја поминуваат овие лица?! Како можете речиси цела година да не распишувате тендер и да ги игнорирате овие лица, кои патем молат за средба со вас?! После ваквото дрско и неодговорно менаџирање од страна на директорот на Институтот за трансфузиона медицина, министерот Азир Алиу не смее да чека ниту ден повеќе и итно да го разреши. Никакви партиски и коалициски математики не може да бидат повредни од животот и здравјето на луѓето кои се принудени во болка да живеат поради вашата неспособност“, напиша Мојсова на социјалните мрежи. 
 

Хемофилијата е генетско заболување каде што крвта на пациентот не коагулира соодветно, што доведува до  неконтролирано крварење и после послесна повреда.  Болните од хемофилија повеќе од половина година се оставени без неопходниот лек „фактор 8“, заради нераспишан тендер.