Могерини денеска во Њујорк ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини денеска во Њујорк ќе се сретне со лидерите од Западен Балкан.

Европската комисија соопшти дека Могерини ќе има работна вечера со лидерите со Западен Балкан, во пресрет на почетокот на Генералното собрание на ОН.

Пред почетокот на Генералното собрание на ОН, од Брисел најавуваат дека ЕУ продолжува да биде лидер во областа на глобалната соработка и оти во соработка со партнерите ќе продолжи да го поддржува мирот и демократијата и да го промовира меѓународното право и човековите права.