Модриќ заминува од Реал


Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ (39), објави на социјалните мрежи дека го напушта Реал Мадрид на крајот од оваа сезона. Еве го неговото соопштение во целост.

„Драги навивачи на Реал Мадрид, дојде моментот. Моментот за кој се надевав дека никогаш нема да дојде, но таков е фудбалот и сè во животот има почеток и крај… Во сабота ќе го одиграм мојот последен натпревар на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Пристигнав во 2012 година со големо возбудување да го носам дресот на најдобриот клуб во светот и со амбиција да правам големи работи, но никогаш не сонував што ќе се случи потоа.“

Емотивно збогување на Модриќ

Играњето за Реал Мадрид ми го промени животот, и како фудбалер и како личност. Горд сум што бев дел од еден од најуспешните периоди на најголемиот клуб во историјата. Би сакал да му се заблагодарам на клубот од дното на моето срце, особено на претседателот Флорентино Перез, на моите соиграчи, тренерите и на сите што ми помогнаа на било каков начин во текот на сите овие години.

Доживеав неверојатни моменти – пресврти што изгледаа невозможни, финалето, прославите и магичната вечер на Бернабеу… Победивме во сè и бев пресреќен. Навистина пресреќен. Но, повеќе од сите титули и победи, во моето срце ја носам љубовта од сите навивачи на Реал Мадрид. Искрено, не знам како да ја опишам посебната поврзаност што ја чувствувам и колку многу ме поддржувале, ме почитувале и ме сакаат.

Никогаш нема да го заборавам секој аплауз и сите гестови на внимание што ми ги упативте. Заминувам со полно срце. Со срце полно со гордост, благодарност и неизбришливи спомени. И иако, по Светското клупско првенство, повеќе нема да го носам овој дрес на теренот, секогаш ќе бидам Мадридиста.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)

Ќе се видиме повторно. Реал Мадрид секогаш ќе биде мој дом. Засекогаш. „Хала Мадрид“, напиша Модриќ.

Заминува како еден од најголемите во историјата на Реал

Во текот на своите 13 сезони во Реал, Модриќ освои сè што може да се освои. Со вкупно 28 трофеи, тој стана најодликуваниот играч во историјата на клубот. Модриќ ги освои срцата на навивачите на Реал Мадрид не само со своите титули, туку и со својот фудбал и однесување. Неговата фудбалска интелигенција, техника, визија и врвен квалитет го направија симбол на Реал повеќе од една деценија.

Модриќ со Реал Мадрид има освоено шест Лиги на шампиони и четири титули во шпанското првенство. Тој исто така освои две титули во Купот на кралот, пет шпански Суперкупа, пет европски Суперкупа, пет Светски првенства за клубови и еден Интерконтинентален куп. Тој одигра 590 натпревари за Реал Мадрид, постигна 43 гола и имаше 95 асистенции.