Модните недели во Париз и во Милано без публика


Франција (АП) – Завршувајќи ја конфузијата околу судбината на Париската модна недела, регулаторното тело на француската мода соопшти дека ревиите за машка мода и на висока мода во Париз овој месец ќе бидат строго без публика заради стравувањата од коронавирус.

Федерацијата на висока мода им соопшти на луксузните куќи дека нема да смеат да покануваат гости оваа сезона, по инструкции од полицијата.

Иако Париз технички не е во блокада, строгите мерки за ограничување на движењата се на национално ниво, а повторното непочитување на мерките може да доведе до шестмесечна затворска казна.

Пролетна колекција на Луј Витон за 2021

Вториот локдаун на Франција заврши на 15 декември, но рестораните, баровите, кината, театрите и музеите остануваат затворени.

Во однос на модната недела во Милано, и покрај најголемите напори на италијанскиот моден совет да одржи минимално ниво на ревии во живо, врвните брендови исто така се одлучија да ги покажат своите колекции без присутни гости, новинари или фотографи.

Фенди, Долче и Габана и Етро изјавија дека на нивните ревии нема да има гости. Тие беа меѓу четирите брендови кои планираа ревии во живо оваа рунда.

Календарот на модната недела во Милано од 15-19 јануари е многу намален од вообичаеното, со учество на само 40 брендови.