Моди изјави дека сака Индија да потпише договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава


Индискиот премиер Нарендра Моди изјави дека сака неговата земја да склучи договор за слободна трговија со ЕУ до крајот на годинава.

„Побаравме од нашите тимови да почнат да работат на склучувањето договор за слободна трговија меѓу двете земји до крајот на оваа година“, нагласи Моди по средбата со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Претходно денеска и Фон дер Лајен изрази желба овој договор да биде склучен до крајот на годинава.

ЕУ особено се залага за отворање на индискиот пазар за европски автомобили и алкохол, додека Индија сака полесно да ги продава своите текстилни производи или лековите на европска територија.