Модерната куќа од хит серијата „Златните девојки“ за прв пат на пазарот, се продава за 3 милиони долари
САД- Прв пат во историјата, куќата во модерен стил која фановите на „Златните девојки“ ќе ја препознаат како место каде што Бланш, Роуз, Дороти и Софија живееја ( во хит-серијата) во 1980-тите години, се продава за 2,999 милиони американски долари. Имотот се наоѓа во населбата Брентвуд, Лос Анџелес (не во Мајами, каде што серијата се одвива), и беше користен за надворешни снимки на нивниот дом во текот на првата сезона.
Во следните сезони, продуцентите имаа точна реплика на куќата изградена во холивудските студија на Дизни. Според Вол Стрит Џурнал, сопствениците во реалниот живот биле адвокатот по име Дејвид Нобл Бери III и неговата сопруга Маргарет Кари Бери. Двојката ја изградила куќата во 1955 година и живееле таму сè додека не починале во 2017 и 2019 година, соодветно. Нивниот син, Џејмс Ц. Бери, изјави за весникот дека на неговите родители им била исплатена скромна сума за да дозволат нивниот дом да се појави во хит-серијата. И Дејвид и Маргарет биле љубители на архитектурата и дизајнот, рече тој, па тие уживаа што нивната куќа е претставена на тој начин. Иронично, сепак, двојката не гледале таков вид на ситкоми, па ни „Златните девојки“ кои беа екстремно популарни.
Куќата се состои од четири спални соби и четири купатила . од 2.901 метри квадратни, со многу егзотични растенија кои ја врамуваат надворешноста – голема причина зошто избирачите на локациите во телевизијата го одбрале домот за сериите во Мајами, изјави Бери за WSJ. И иако ентериерите никогаш не биле користени при снимањето, тие се прилично уникатни и стилски.