Модел на крофна – кој е економскиот минимум кој му е потребен на луѓето


 

Размислувајчи за животот по пандемијата, Амстердам одлучи да го прифати таканаречениот модел на крофна.

Моделот на крофна ја отфрла глобалната поврзаност за (неограничен) економски раст и законите на понуда и побарувачка и служи како водич кој може да покаже како е можно да се живее во рамнотежа со планетата.

Главната претпоставка на моделот е дека целта на државните активности треба да биде исполнување на основните потреби на сите граѓани, внатре во можностите на планетата односно планетарни граници, пренесе eKapija.

Додека се чува сигурноста на граѓаните за време на пандемијата во главниот град на Холандија, градските власти и британската економистка Кејт Раворт од Универзитетот Оксфорд планираа како градот ќе постапува по епидемијата.

Раворт е авторка на книгата „Крофна економија: Седум начини на размислување како економист на 21 век“.

Амстердам денеска формално ја прифати ткн. модел крофна, како поаѓалиште за одлуките за јавни политики, со што стана првиот град во светот кој се обврза на такво нешто.

Имено, внатрешниот прстен на крофната го покажува минимумот кој ни е потребен за да водиме добар живот, кој произлегува од целите на ОН за одржлив развој – од чиста вода, храна до одредено ниво на сместување, санитарна заштита, енергија, образование, здравство, родова рамноправност и прходи.

Надворешниот прстен пак, претставува еколошки плафон кој го одредиле научниците и кој ги претставува планетарните граници на системот, преку кои човековиот род не смее да премине за да не ја оштети климата, почвата, океаните, озонската обвивка, и биолошката разновидност.