Мобилизираните Руси добиле и оружје од Втората светска војна (Видео)


Руските регрути добиваат застарено оружје, вклучувајќи  пушки Нагант/Мосин, дизајнирани во 1890/91 година, и  застарени во времето на Втората светска војна. На социјалните мрежи регрутите објавуваат и рѓосани калашникови, чудејќи се како е можно со такво оружје да одат во војна.

„Завршивме со професионалната армија и сега е време да ги победиме непрофесионалните“ -порача  генерал Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, околу засилената мобилизација во Русија. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски веќе вети гаранции за руските војници кои ќе им се предадат на украинските сили и ги повика Русите да ја избегнат неодамнешната делумна воена мобилизација на нивната земја. Тој им понуди гаранции на Русите кои се заробени додека се бореле во Украина и се осврна на новоусвоените казни во Русија против дезертерите или оние кои избегнуваат регрутација.

„Украина му гарантира на секој руски војник кој ќе се предаде три работи. Прво, ќе бидете третирани на цивилизиран начин, во согласност со сите конвенции. Второ, никој нема да ги знае околностите на вашето предавање, никој во Русија нема да знае дека вашето предавање е доброволно. И трето, ако се плашите да се вратите во Русија и не сакате размена, ќе најдеме начин да го обезбедиме и тоа. Подобро е да не се прифати регрутацијата отколку да се умре во туѓа земја како воен злосторник“, рече Зеленски. Подобро е да бегате од криминалната мобилизација отколку да бидете осакатени и потоа да сносите одговорност пред судот за учество во војната за агресија“, додаде тој.