МНТ со праизведба на комуникациската современа музичка драма „Само глас“


На 26 мај на сцената на Македонскиот народен театар со почеток во 20 часот ќе биде одиграна праизведбата на комуникациската современа музичка драма „Само глас“ од младата авторка Нина Плавањац.
Претставата „Само глас“ е во режија на Марјан Неќак, кој воедно е автор на музиката, сценограф и дизајнер на светлото.
Во улогите на Таа и Тој играат првенците од ансамблот на Македонскиот народен театар, Звездана Ангеловска и Никола Ристановски, со снимен глас, како и балетанот Мирослав Митрашиновиќ.
Ова е приказна за силна и талентирана жена, која преку ниска постапка го доживува најпонижувачкиот момент во својот живот, борејќи се за  сопствениот идентитет. 
Текстот го преведе Звездана Ангеловска, преводот на сонговите од англиски јазик го направи Елена Китановска, видеодизајнер е Марин Лукановиќ и костимограф e Наташа Павлиќиќ.

Следните изведби се закажани на 27 и 29 мај со почеток во 20 часот, а театарот се придржува кон протоколарните мерки согласно со Комисијата за заразни болести.