МНТ ги враќа парите од билетите за неодржаните претстави во март
Македонскиот народен театар објави дека на сите оние кои купиле билети за претставите кои во март не биле одржани, ќе им бидат вратени парите.
“Средствата за билетите што ги имате купено за претставите кои беа на репертоарот во Македонски народен театар во месец март 2020, а беа откажани поради ситуацијата со болеста, можете да ги подигнете на билетарницата во МНТ од 28 септември до 02 октомври и од 05 октомври до 09 октомври 2020“, велат од МНТ.
Работното време на билетарницата е од 12 до 18 часот.
Рефундирањето на средствата за купените билети додаваат, ќе се врши исклучиво со вратен билет.