МНР се обои како украинското знаме, иако Македонија гласаше против Украина

Министерството за надворешни работи вчера беше осветлено во боите на украинското знаме, во чест на тригодишнината од, како што велат, „ издржливоста и храброста“.
„Застанувајќи покрај Украина во оваа борба, ние потврдуваме: време е за мир, крај на воената агресија и просперитетна иднина без крвопролевање“, објавија од МНР на социјалните мрежи.
Соопштението шпрактично ја отсликува лицемерната промена на позицијата на Македонија која во ОН се престрои кон американската резолуција во која руската агресија се нарекува конфликт и не се гарантира територијалниот суверенитет на земјата. Како што пред некој месец бугарскиот претседател Румен Радев тврдеше дека не сака да обезбеди помош за Украина бидејќи така се разгорува војната, така сега МНР вика дека е време за мир.