Многу насмеани детски лица: Се одржаа „Поточиња 2025“

Викендов во Филхармонија по 22. пат се одржа детскиот фестивал „Поточиња“. Најавените шест претстави беа исполнети до последното место со насмеани и распеани деца кои со многу еуфорија и емоција на првите тактови на популарната фестивалска химна ги пречекаа децата – учесници на големата сцена.
Маскотата – водителот Поки (актерот Мартин Јорданоски) веднаш ја крена публиката на нозе и со првата песна „Дајте сите рачиња“ се разлеа громогласен аплауз. Се редеа новите 17 песни од фестивалскиот репертоар, а вниманието на детската публика не изостана до самиот крај на фестивалот. Последната песна, „Стоп за војните“, испрати искрена детска порака за поубав свет.
„Поточиња 2025“ имаше и хуманитарен карактер. Целиот приход од продадената дискографија на фестивалските денови, како и дел од средствата обезбедени од продажба на билетите ќе биде дониран за настраданите во несреќата во Кочани.
Новите песни изведени на „Поточиња 2025“ веќе се објавени на Youtube каналот Potocinja и истите може да се слушнат на следната плејлиста: