Многу кандидати за градоначалник на Град Скопје – само една жена
Градот веќе е накитен со билборди од кои ни се смешкаат кандидатите. Кому ќе поверуваат граѓаните останува да видиме по изборите на 19 октомври

Од сите досегашни локални избори овојпат има најмногу кандидати кои влегуваат во трката за градоначалник на Град Скопје за Локалните избори 2025 што ќе се одржат на 19 октомври. Но, се забележува дека само една жена ќе се обиде да ја замени досегашната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, која не се кандидира за втор мандат.
Досегашниот градоначалник на општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски е кандидат од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Од редовите на СДСМ за Град Скопје кандидатка е поранешната министерка за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, која воедно е и единствената во оваа „машка“ трка.
И познатиот адвокат Александар Тортевски, поддржан од Партија Твоја ќе се обиде да застане на чело на Скопје.
Професорот и декан на Градежниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ (УКИМ), Горан Марковски, пак, поддржан е од Независни заедно, а во досегашната предкампања излегуваше со несекојдневни прес-конференции. Така во Аеродром се појави со маска на динусаурус, со цел да укаже на загадениот воздух во Скопје и дека ако продолжи оваа негрижа – сите ќе изумреме, како диносаурусите.
Архитектот, новинар и туристички водич Вангел Божиновски, како кандидат на Родина Македонија.
Поранешениот заменик-градоначалник на главниот град Александар Трајановски кој доаѓа од партијата ГРОМ, а поддржан и од ЛДП, Интегра и ПЦЕР.
Останатите кандидати кои ќе се најдат на избирачкото ливче за избор на нов прв човек на главниот град се:
Група Избирачи – Драган Николовски
Група избирачи – Сашо Маневски
Група избирачи – Горан Марковски
Единствена Македонија – Зоран Јовановски
Сојуз на Роми – Демир Исамил
Работничка партија – Владимир Куновски
Партија ТМРО – Александар Рашковиќ
Партија Левица – Амар Мециновиќ
Македонска ера трета/Македонски независни листи-Суверенисти – Владимир Трајковски
Политичка партија Унија на Роми Скопје – Срџан Амет
и
Скендер Реџепи поддржан од коалицијата предводена од ДУИ.
За споредба на минатите локални избори во 2021 година имало 12 кандидатури за градоначалник и 95 советнички листи.
Ноќеска на полноќ, официјално почна кампањата за локалните избори, па социјалните мрежи и медиумите се преплавени со банери и делови од програмите со кои влегуваат во изборната трка, со ветувања за скопјани, како тие ќе го подобрат живеењето во главниот град. Градот веќе е накитен со билборди од кои ни се смешкаат кандидатите. Кому ќе поверуваат граѓаните останува да видиме по изборите на 19 октомври.
Вториот круг од изборите е закажан за 2 ноември.