Младите пингпонгари на Европското првенство во Острава, Чешка


Моника Стајковска, Кристијан Каламадевски во категорија У15 и Софија Хасану и Лука Стојчев во категорија У19 ќе учествуваат на Европското првенство во Чешка. Првенството започна на 11 Јули, а ќе трае до 20 Јули.
 
Македонските репрезентативци настапуваат во поединечна категорија, во двојки и мешани двојки и настапот ќе го започнат на 16 Јули, кога е предвиден делот за поединечните натпреварувања. На Европското претходеа подготовки на репрезентативците со селекторот Милош Миленковиќ.
 
Македонија секогаш има место на најголемите меѓународни, европски натпреварувања и учеството на младите таленти значи вложување во нашето меѓународното претставување и напредок.