Младите македонски пингпонгари 6. место на Балканското првенство во Бугарија

Со 10 млади пингпонгари Македонија беше најбројна репрезентација на на Балканското првенство во Албена, Бугарија, што се одржа од 21 до 25- мај. Децата до 11 и до 13 години се натпреваруваа во поединечна и екипна конкуренција.
„Највпечатлив беше настапот во машка конкуренција, екипно до 11 години каде што го освоивме 6-тото место, но репрезентацијата беше многу блиску до победа над Грција и влез во полуфиналето“, велат селекотрите.

Во поединечна конкуренција забележан е добар настап на сите, а најсилен впечаток оставија Јован Пармачки и Филип Цековски кои беа на чекор до пласман во елиминациона фаза.
Репрезентацијата беше предводена од селекторот Милош Миленковиќ со асистенција на тренерите Зоран Јованоски, Јован Ковачовски и Томе Петков.
И ова првенство покажа дека Македонија има потенцијал во најмладите пингпонгари.