Младиот кошаркар Петар Ивановски загина во пожарот во дискотеката во Кочани

Петар Ивановски, кошаркар на Баскет Дино Деликатес од Кочани, е жртва на трагедијата во Кочани. Кобната вечер Ивановски бил во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица. Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија.
„Аххх , аххх наш Петар. Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија.
Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот.
Тагата е преголема, сочуство до семејството“, стои во објавата на КК Баскет Дино Деликатес – Кочани.