Младинската ракометната репрезентација на Македонија замина на ЕП во Црна Гора


Младинската женска ракометна селекција денеска отпатува за Црна Гора, каде што ќе настапи на Европското првенство. Пред почетокот на првенството, нашите младинки вечерва ќе одиграат пријателски натпревар со Косово со почеток во 19 часот и 30 минути. а утре националниот тим продолжува кон Црна Гора.

Македонија е во групата А, заедно со селекциите на Унгарија, Полска и Чешка. Во првиот натпревар Македонија в среда игра против Унгарија, во четврток противник ни е Полска, а во последното коло од групата играме в сабота против Чешка.

Двете првопласирани репрезентации од групте ќе продолжат во главната фаза за пласман од 1 до 12.место, додека другите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 13 до 24.место.