Млад човек се залепи за бандера на плоштадот во Скопје – ќе каже зошто, кога ќе се соберат повеќе новинари


Герила акција во моментов на плоштад Македонија – човек стои залепен со селотејп и вели дека чека новинари да дојдат за да каже што прави тука.

Денеска напладне, непознат маж, со самолеплива лента се залепи за бандера во близина на фонтаната, привлекувајќи големо внимание од минувачите.

Човекот вели дека нема да каже ништо додека не се соберат повеќе новинари.

„Сакам сите да чујат!“ вели тој.