МКД: Се самоуби македонска дипломатка во ОН
Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз. МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации.
Според пишувањето на Фокс њуз станува збор самоубиство. Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви.
Според полицијата немало никакви знаци на насилство.
„Тука живееше две години“, изјави Хернан Авила, домарот во зградата. „Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност“, вели домарот.
Дипломатката живееше сама во стан на четвртиот кат, рече Авила. Тој ја опиша како тивка личност што повремено ќе ја гледале како пуши надвор.
„Вчера доктори дојдоа горе, амбулантно возило“, рече тој. „Дојде некој маж, дипломат. Не знам, амбасадор или нешто слично“.
„Ја побара неа“, рече Авила. „Вратарот заѕвони, немаше одговор. Немаше одговор. Нешто се случи“.
Официјалните лица во постојаната мисија во ООН каде што работела жената не одговориле веднаш на барањето за коментар, вели Фокс њуз.