Рашела Мизрахи ќе ја води Анкетната комисија за Онкологија

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи, е предложена за претседателка на Анкетната комисија за скандалот на Онкологија. Комисијата за избори и именувањата денеска го утврди составот на Анкетната, претседателот, заменикот и членовите на ова ад хок собраниско тело. Тие потоа треба да бидат изгласани на пленарна седница.
Членови од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се и Антонио Милошоски, Гордана Силјановска-Давкова, Иванка Василевска, Љупчо Пренџов и Петар Ристески.
Анкетна комисија во Собранието ќе утврдува дали во скандалот на Клиниката за Онкологија има политичка одговорност на функционери во Владата и на Клиниката и дали на пациентите им биле загрозени човековите права. Барањето за формирање Комисија дојде од редовите на опозициската ВМРО – ДПМНЕ.