Мит Ромни: „Трамп е горила од 400 килограми во Републиканската партија“
Доналд Трамп, кому наводно му пристапил Џаред Кушнер, неговиот зет и советник, за да го убеди да го признае поразот но тој се уште е непоколеблив, „без сомнение е најмоќниот глас во нашата партија“, рече утрово сенаторот од Јута и републикански претседателски кандидат во 2012 година, Мит Ромни.
Трамп, кој одговори со пркос да го признае поразот, „ќе има огромно влијание врз нашата партија да оди напред“, рече Ромни за Ен-би-си во неделата.
„Верувам дека најголем дел од луѓето кои гласаа за Доналд Трамп сакаат да бидат сигурни дека се водат неговите принципи и неговите политики. Така да, тој не исчезнува во никој случај. Тој е горила од 400 килограми кога станува збор за Републиканската партија“.
Ромни е релативно умерен во Републиканската партија на Трамп и релативно независен глас – тој гласаше за импичмент, но исто така гласаше и за потврда на Еми Кони Барет во Врховниот суд со невидено брзање.
„Претседателската трка“, рече тој за Ен-би-си, сметајќи ги успесите на републиканците на конгресните, државните и локалните избори, „повеќе беше прашање на референдум за една личност. И, кога стануваше збор за политиката, поминавме прилично добро“.
Трамп сè уште тврди без докази дека со измама на гласачите неговиот изборен пораз бил наместен. На прашањето што би сакал да види Трамп да прави поинаку, Ромни рече: „Нема да го смениме претседателот Трамп или неговата природа во опаѓачките денови на претседателската функција. И затоа, не мислам дека ќе му дадам совет што да прави.
Јасно е дека луѓето во минатото, како мене, кога изгубив избори, продолжија на начин што рече: ‘Видете, знам дека погледите на светот се насочени кон нас. Очите на нашиот народ се насочени кон институциите што ги имаме. Очите на историјата се насочени кон нас‘.
Во ваков амбиент, ние сакаме да зачуваме нешто што е далеку поважно од нашето јас или дури и од партијата. И тоа е зачувување на каузата за слобода и демократија тука и низ целиот свет. Но, претседателот ќе го стори она што традиционално го правеше, што прави сега.
… И патем, тој има целосно право да повика на пребројување на гласовите. Бидејќи тука зборуваме за разлика од 10.000 гласови или помалку, во некои случаи. И така пребројувањето може да го промени исходот. Тој сака да разгледа неправилности, да го продолжи тоа на суд. Но, ако, како што се очекува, тие работи не го променат исходот, зошто, тој да не го прифати неизбежното“.
Водителот Чак Тод го праша Ромни со малку поостри зборови за однесувањето на Трамп.
„Мислам дека е добро да се следат сите правни патишта што ги има“, рече Ромни. „Но, мислам дека треба да се биде претпазлив во изборот на зборови. Мислам дека кога ќе кажеш дека изборите биле корумпирани или украдени или наместени, тоа е за жал реторика што ја земаат авторитарци ширум светот.
И мислам дека тоа исто така ја обесхрабрува довербата во нашиот демократски процес тука дома. И, бидејќи сега се води битка помеѓу авторитаризмот и слободата, мислам дека е многу важно да не користиме јазик што може да поттикне курс во историјата, што би било многу, многу несреќно“.