Мистериозна смрт на главната уредничка на руската државна телевизија и нејзиниот бивш сопруг
Главниот уредник на руската државна телевизија Кубан Зоја Коновалова (48) е пронајдена мртва во нејзината спална соба, додека телото на нејзиниот поранешен сопруг Андреј Губатика (52) е пронајдено во близина. Телата на Коновалова и нејзиниот поранешен сопруг беа пронајдени во семејната куќа во Краснодар во саботата.
– При прегледот на телото не се констатирани видливи повреди – изјави портпаролот на Рускиот истражен комитет.
– Прелиминарната причина за смртта е труење од непозната супстанца – јавува ТВ Кубан.
Медиумите јавуваат дека во куќата во Краснодар била пронајдена полимерна кеса со „прашкаста материја“, додека колегите и пријателите на Коновалова инсистираатдека новинарката никогаш не се дрогирала.
Се верува дека мажот и жената биле мртви најмалку 24 часа пред да бидат откриени нивните тела.