Мистерија во Израел: Каде исчезна Нетанјаху?


Тел Авив – Одредени медиумски извори на хебрејски јазик започнаа со шпекулации за можна повреда или дури и смрт на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на наводите кои се шират на социјалните мрежи и одредени интернет портали во последните денови.

Причина за ваквите шпекулации, како што се наведува, е фактот што израелскиот премиер веќе три дена не се огласува со видео пораки на социјалните мрежи, додека последните негови фотографии беа објавени во јавноста пред околу четири дена. Во претходниот период Нетанјаху објавуваше видеа речиси секој ден, понекогаш и неколку пати на ден.

Според тврдењата на одредени израелски извори, ноќта меѓу 7 и 8 март, наводно била забележана зголемена безбедност околу приватната куќа на Нетанјаху, со посебни мерки за заштита од можни напади со беспилотни летала.

Истовремено, некои медиуми наведуваат дека откажувањето на посетата на Израел од страна на Џаред Кушнер и новоименуваниот специјален пратеник на Белата куќа Стив Виткоф би можело да биде поврзано со безбедносната ситуација во однос на израелскиот премиер.

Шпекулациите дополнително беа поттикнати од информациите дадени од Елисејската палата. Француската страна извести за телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и израелскиот премиер, но без да ги прецизира деталите од разговорот и без да прецизира кога се случил контактот.

И покрај бројните наводи кои кружат на Интернет, ниту едно од тврдењата досега не доби официјална потврда или демант од израелските државни институции.

Во исто време, на одредени интернет платформи се појавија далеку подраматични теории, вклучувајќи тврдења дека резиденцијата на Нетанјаху во Цезареја наводно била уништена, како и дека премиерот е во бункер. Оваа информација, сепак, засега останува во доменот на непроверени шпекулации.