Мис на Турција 2024 на удар на јавноста за изгледот
Новоизбраната мис на Турција Идил Билген, 24-годишна дипломирана лекарка, се најде на удар на јавноста заради нејзиниот изглед. За фановите, таа „не е доволна убава“ за да ја претставува земјата на 72. Мис на светот кој ќе се случи на почетокот на 2025 година. Велат, „фатени се врски зада победи“, зашто татко и бил амбасадор во Киев.
Натпреварот за Мис Турција 2024 се одржа на 11 септември, во хотелот Лацони, во Истанбул. На сцената се натпреваруваа 20 убавици од целата земја. Поранешните победнички како Берфу Јененлер, Селен Сојдер, Гизем Карача, Амине Ѓулше и Неше Ербек беа меѓу судиите.
Кој е Идил Билген, новата Мис на светот Турција?
Новата Мис на светот Турција е висока 1,80 см. Дипломирала на Медицинскиот факултет на Универзитетот Коч, таа ја наследи Нурсена Сеј, четвртфиналистка на Топ 40 на 71. Мис на светот.
Откако беше избрана, таа рече: “Многу сум возбудена, многу среќна. Кога учествував на ова натпреварување, навистина сакав да бидам прва. Но дали можев да стигнам до таму? Не знаев. Се трудев се од себе. Гордоста и радоста што можам да ја претставувам мојата земја ме прават да се чувствувам многу возбудена“.
Таа ги освои гласовите на судиите откако одржа многу истакнат завршен говор, завршувајќи со следниве зборови: „Јас сум докторка, но јас сум и Турчинка, па сакам да бидам гласот на Турчинките на Мис на светот“.
Нејзиниот проект „Убавина со цел“ ја промовира свесноста за ракот на дојката, а како лекар, таа им помага на пациентите со рак на дојка.