Мирен протест кај „Сити Мол“ каде пред 10 дена беше згазена Викторија од Радовиш


Во Скопје се одржа мирен протест на раскрсницата кај Сити Мол каде пред 10 дена животот го загуби 24 – годишната Викторија Николова. Таа беше прегазена на пешачки премин на самата раскрсница, преминувајќи го булеварот Партизански Одреди.

Протестот се одржа во знак на револт кон сообраќајното насилство и на Николова, како и на преостанатите кои животот го загубија преминувајќи улица на пешачки премин.

Присутните на мирниот протест побараа да запре дивото возење на улиците за да се избегнат сообраќајки со смртни последици.