Минута молк за настраданите на вонредната седница на Град Скопје


Со едноминутно молчење во знак на почит за настраданите во Кочани, денеска, советниците на Град Скопје, ја почнаа вонредната седница. 

Градот Скопје одлучи да додели шест милиони денари за помош на семејствата на настраданите во несреќата во дискотеката во Кочани. 

Претседателот на Советот, Трајко Славески, најави дека во најскоро време се подготвени да доделат дополнителни средства за семејствата на настраданите, во координација со градоначалничката Данела Арсовска. 

– Ова е првична помош за семејствата на настраданите во рамки на можностите на Буџетот на Градот. Во најскоро време сме подготвени за дополнителна помош за семејствата на настраданите – рече Славески.