Минск: Полицијата брка демонстранти, заклучува трговски центри, сите ги претресува


Стотици луѓе се уапсени денеска во Минск, на најновите антивладини протести.

Откако на почетокот на протестот се собраа во центарот на престолнината, демонстрантите се раштркаа ширум градот, носејќи црвено-бели знамиња на опозицијата, пренесе Ројтерс.

На видео-снимките се прикажани припадници на службата за безбедност облечени во црно кои имаа пендраци, како ги бркаат демонстрантите и ги одвезуваат со возила.

Во еден трговски центар, полицијата ги заклучи вратите и пги претресуваат купуваќите трагајќи по транспаренти и друг материјал.

Безбедносните служби запираа автомобили и пресретнуваа луѓе во нив.

Ројтерс наведе дека не може да верификува ни едно видео.

Центарот за човекови права Виасина, кој не е регистриран во Белорусија, соопшти дека уапсени се 360 луѓе, меѓу кои освојувачот на сребрен медал во десетобој Андреј Краученко и шампионот во кик бокс Иван Ганин, соопшти белоруската Фондација за спортска солидарснот.

Двајцата потпишале отворено писмо кое го потпишаа уште 1.000 белоруски спортисти во кое се залагаат за одржување на нови избори.