Министрите на за култура на Бугарија и Македонија се согласија за зголемување на соработката


 

Министерот за култура на Бугарија, Најден Тодоров, се сретна со својот македонски колега Зоран Љутков, соопшти бугарското Министерството за култура.

Двајцата соговорници дале висока оценка за соработката меѓу двете земји во областа на културата и уметноста. Министерот Љутков ја искористи можноста да го покани министерот Најден Тодоров на продукцијата на „Набуко“ во Софиската опера и балет вечерва, на која гостува Националната опера и балет од Скопје. Во овој контекст, во разговорот двајцата министри разговараа за различни можности за размена на театарски и оперски продукции, како и учество на големи културни фестивали во двете земји.

Двајцата министри се обединија околу тезата дека културата е еден од мостовите што може да придонесе за развој на добрососедските односи и изразија подготвеност да продолжат да работат за подигање на културната соработка меѓу Бугарија и Македонија на уште повисоко ниво.