Министерството за транспорт негира дека ги користи фотоволтаиците за да легализира дивоградби
Министерството за транспорт и врски реагира на, како што оценуваат, манипулативните и неточни информации изнесени во јавноста во однос на постапките за измените на Правилникот за Урбанистичко планирање.
-Водејќи се од транспарентноста во постапките, Министерството за транспорт и врски има воспоставено редовна пракса на вклучување на стручната јавност и граѓанскиот сектор и сите други заинтересирани страни во процесите на подготовка на законските и подзаконските акти.
Нејасна е реакцијата од граѓанското здружение Зелен Хуман Град во однос на вклученоста во измените на Правилникот за урбанистичко планирање од причина што на стручната расправа одржава во просториите на Министерството на ден 26 октомври 2022 година, присуство земаа и претставници од засегнати институции, невладини организации, вклучувајќи и претставници од граѓанското здружение Зелен Хуман Град.
а истата стручна расправа се разговараше по однос на измените во Правилникот и е отворена дискусија на која се дадени одредени сугестии и истите се усогласени со сите присутни на стручната расправа, каде позитивно мислење и усогласеност дадоа и претставниците од Зелен Хуман Град, за што постои и електронска комуникација со Министерството и претставниците од ова граѓанско здружение. Од тие причини, несфатлива е реакцијата на граѓанското здружение Зелен Хуман Град за забелешките кои претходно и тие ги прифатиле и за кои дале согласност.
Од тука прашуваме дали во услови на оваа енергетска криза, кога граѓаните, компаниите и граѓанскиот сектор бараат поедноставување на постапките за поставување на фотоволтаични електроцентрали, граѓанското здружение Зелен Хуман Град е против, дали се против искористување на сончевата енергија како најевтин енергетски ресурс и дали се против поедноставување на постапките, нешто што го бараат сите граѓани и правни лица? Дали Зелен Хуман Град се заинтересирани граѓаните да користат фотоволтаици како еколошки најисправен начин на производство на енергија или да останат на користење на фосилни горива кои несомнено ја загадуваат животната средина и воздухот?
Уште еднаш потенцираме, Правилникот за урбанистичко планирање кој се уште е во фаза на подготовка, се носи во исклучително транспарентна постапка.
Упатуваме на сериозност до организацијата Зелен Хуман Град, кога во овие услови на енергетска криза, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за транспорт и врски се силно посветени на поедноставување на сите постапки се со цел да го намалиме влијанието на енергетската криза и заштита на животниот стандард на граѓаните, а притоа да не влијаеме врз загадување на животната средина, стои во реакцијата, без да се навлезе во содржината на обвинувањата од ЗХГ ниту на измените.
Зелен хуман град обвини вчера дека Министерството за транспорт и врски ја злоупотребува енергетската криза за да им излезе во пресрет на градежната мафија и крупниот капитал со што ќе нанесе непоправливи штети на животната средина и ќе ни ги доведе во уште поголема опасност здравјето и животот на сите.
1.Не важи заштита на високостеблеста шума
2.Не важи заштита на квалитетно земјоделско земјиште
3.Не важат правила за оформување парцели
4.Не важат правила за сообраќаен пристап
5.Не важи просторен план (кој и онака го немаме моментално!)
Што е уште полошо, горенаведените „олеснувања наменети за ФВ електраните“ важат и за други намени, како на пр. викендички, вили, рударство итн. Големи електрични централи: ХЕЦ, ТЕЦ, централи на јаглен, мазут, природен гас, јаловишта и пепелишта, нуклеарни електрани кои се вон опфат на урбанистички план ќе може да се градат според прост урбанистички проект, а не според ДУП!
Заштитените подрачја се, исто така, на удар. Нивната заштита е уредена во плановите за управување, но како пример ќе го наведеме случајот со Националниот парк „Галичица“ кога имаше силен притисок од тогашната власт незаконски да се резонира заштитеното подрачје. Следствено, во заштитените подрачја не се изложени на ризик од масакр само заштитниот појас и зоната за одржливо користење, туку и зоната за активно управување и зоната за строга заштита стануваат лесна мета за неповратно уништување. да добие на суд. Секако на штета на јавниот интерес и на обичниот човек.
ЗХГ уште од мај годинава заедно со другите независни иницијативи се бори со Министерството за транспорт и врски за да спречи незаконски измени во Правилникот за урбанистичко планирање, а во меѓувреме далеку од очите на јавноста се носат криминални измени на Законот за градење! Иако веќе со месеци си предаваме верзии од Правилникот напред-назад, останува очигледна намерата на министерот за транспорт и врски да ги озакони злоупотребите во урбанизмот што ги пеплосаа и Скопје и сите наши скапоцени заштитени подрачја. Ќе може среде шума со помош само на урбанистички проект да се предвиди „викенд куќа“ со огромен габарит (неограничен со ништо!), без соодветен сообраќаен пристап (службено, преку парцелата на соседот кој нема ни да биде прашан).
ЗХГ стои цврсто на ставот дека соларната енергија е обновлива енергија со минимум негативни влијанија врз животната средина, животните и човекот, меѓутоа со простата замена на еден со друг систем на злоупотреба, односно на еден со друг монопол, не се решава ништо!
Инсистираме ФВ инсталациите да НЕ се поставуваат на неурбанизирано земјиште (greenfield) како што се земјоделско земјиште, ливади, шуми, итн. Наместо тоа, приоритетна локација да биде секоја соодветна кровна површина со цел да се спречи загуба на квалитетно земјоделско земјиште, шуми, зеленило воопшто, но и со цел да се обезбеди индивидуалните домаќинства, правните лица, вклучително јавните институции самостојно да произведуваат електрична енергија од сонцето. Институциите не смее да поттикнуваат централизација и монополизација на ресурсот како што е случајот моментално со сите енергенси. Најважно, не смее инвестициите во соларна енергија да се изговор за легализација на дивоградби!- стои во реакцијата на АХГ на која возврати Министерството.