Mинистерството за спорт го награди успехот на Алкалоид со пет милиони денари

Во недела, салата „Борис Трајковски“ ќе биде местото каде што екипата на Алкалоид ќе го игра својот најважен натпревар во историјата. натпревар во историјата. Македонскиот претставник влегува во овој дуел со солидна предност од четири гола стекната на првата средба во Атина (29-25) и со големи надежи дека ќе го освои својот прв европски трофеј.
Сезоната на европска сцена беше повеќе од импресивна за „фармацевтите“, кои покажаа зрелост, квалитет и карактер и сега се на чекор до историскиот успех. За нивниот подвиг и за начинот на кој ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена, Алкалоид доби сериозна поддршка од државата.
Министерот за спорт, Борко Ристовски, попладнево објави дека клубот е награден со пет милиони денари за пласманот во финалето и за промоцијата на македонскиот спорт надвор од границите на земјата. Ако Алкалоид ја задржи предноста од првиот натпревар ќе стане третиот македонски клуб со европски трофеј по Вардар и Македонија Ѓорче Петров.