Министерствата за надворешни работи и за одбрана во Загреб оштетени од земјотресот

Министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман денеска изјави дека во силниот земјотрес со епицентар во Петриња, кој се почувствува и во Загреб, зградата на Министерството е повторно оштетена, а медиумите јавија дека оштетена е и зградата на Министерството за одбрана.
„Министерството за надворешни и европски работи претрпе значителна штета во март и сега е повторно погодено од земјотресот. Во моментов не знаеме колкава е штетата, но се тресеше, паѓаа малтер и лустери“, рече хрватскиот министер, по силниот земјотрес со јачина од 6,2 степени, кој околу 12,20 часот ја погоди областа Петриња, а силно се почувствува и во Загреб, пренесува Хина. ссм/