Министерот за Велс поднесе оставка поради секс скандал на негов асистент


Британскиот министер за Велс Алан Кернс денеска поднесе оставка поради секс скандал, поврзан со негов поранешен асистент.

Спроед Би Би Си, министерот ја поддржал кандидатурата на неговиот помошник Рос Ингланд за парламентот на Велс, иако знаел за неговата улога во случајот со силувана жена, која претходно била соработничка во Конзервативната партија.

Според Би-Би-Си, пред судот Инглад сведочел против жртвата, по што случајот беше затворен.

„Ова е многу чувствителна тема, така што во контекст на тековната дискусија, решив да поднесам барање за оставка од функцијата министер за Велс“ се вели во писмото упатено до премиерот Борис Џонсон. Тој, од своја страна, ја профати оставката и му заблагодари за службата.