Министерот за култура и туризам Љутков во посета на Струмица

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во општина Струмица каде ќе оствари значајни средби и активности поврзани со културното наследство и развојот на културата во регионот.
Љутков ќе ги посети археолошкиот локалитет Бања Банско, каде што ќе се разгледаат проектите финансирани од пограничните фондови. Ќе оствари и работна посета во НУЦК Антон Панов Струмица, каде ќе има средба со актерите за време на нивната проба. Ќе изврши и увид во објектот на Стариот театар Струмица, а ќе ја посети и црквата Св. Кирил и Методиј каде ќе започнат работи за конзервација, реставрација и санација. Воедно ќе го посети манастирскиот комплекс и црквата Св. Леонтиј во Водоча.
-Оваа посета е од особено значење за промоција на културното наследство и поддршката на културните институции во Струмица. Во текот на посетата, Министерот Љутков ќе има можност да се запознае со актуелните проекти и иницијативи во областа на културата, посочуваат од Министерството з акултура и туризам.