МИМ ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“
Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“.
На настанот ќе бидат доделени прва, втора и трета награда за најдобра истражувачка сторија. На годинашниот конкурс објавен на 27 јануари и траеше до 17 февруари пристигнале 42 стории, обработени во 122 текстови/видео прилози.
Како што информираат од МИМ, по повод 25-годишнината од доделувањето на наградите, на почетокот ќе се одржи панел со новинари-истражувачи кои ќе зборуваат за искуствата и предизвиците со кои се соочуваат.
Наградите за најдобра истражувачка сторија, МИМ ги доделува традиционално од 2001 година, а од 2013 година наградата го носи името на угледниот новинар Никола Младенов.