Милков не се појави во бугарското собрание за да зборува за нападот на Пендиков


Министерот за надворешни работи, Николај Милков
 

Министерот Милков не дојде на седницата на Народното собрание каде што требаше да ги образложи деталите за нападот на македонскиот државјанин Христијан Пендиков во Охрид. Точката која беше најавена како сослушување на службениот министер за надворешни работи Николај Милков во врска со уште еден случај на физички напад врз Бугари и бугарски државјани во Република Северна Македонија е симната од дневен ред на седницата. Како што се дознава, расправата е одложена бидејќи Милков беше на пат и не успеал да се врати во земјата. Судејќи по ненадејниот молк во бугарските медиуми за оваа тема, не е исклучено дека добил пораки од Брисел да ја спушти „топката“ околу случајот. 

Христијан Пендиков се наоѓа на лекување во Софија откако бугарската влада му организираше трнаспорт со државен авиот од Охрид, Му беше изврешена операција, а го пости и македонскиот министер за наворешни работи, Бујар Османи.