“Милка Ефтимова” – дел од личните предмети на примадоната на изложба

На 15 декември (петок) во 2о часот, во НУ Музејот на македонската борба за самостојност ќе биде отворена изложбата “Милка Ефтимова” на која ексклузивно ќе бидат промовирани дел од личните предмети на примадоната кои се нејзина донација .
Милка Ефтимова како оперски и концертен уметник, алт и мецосопран певица, е доајен на Македонската опера и амбасадор на македонската уметност и култура во светот.
Автор на изложбата е Василија Чали – соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.
Изложбата во фоајето на Музејот на Македонската борба за самостојност ќе ја отворат директорката на Музејот, м-р Даниела Николова и д-р Александар Трајковски. Изложбата ќе биде отворена до 15 јануари, 2024.

Ја паметиме по прекрасната улога на Кармен, која ѝ донесе и регионална слава и по прекрасниот глас што останува наше културно и духовно наследство и безвременска вредност и радост на нашето поднебје.
Пред две години излезе од печат библиографија за нејзиниот уметнички пат, послан со цвеќиња „Моето богатство“ – од музичките почетоци во родниот Радовиш, отворањето на нејзиниот музеј во родниот град, присуството во општествено-културниот живот, потсетување на освоените награди, признанија, медали и благодарници, ревијата на нејзините костими за хумана цел, секојдневниот живот исполнет со дружење со семејството, пријателите, учениците, дипломатскиот кор…